Контактни леќи во боја

Доколку сакате да направите промена во Вашиот изглед и да внесете свежина во Вашиот поглед, тогаш контактните леќи во боја се вистинско решение за Вас. Овој тип на леќи ви овозможува не само да направите корективна промена на Вашите очи, туку истите може да ги користите и за подобрување на видот бидејќи се произведуваат и со диоптрија. При избор на контактни леќи во боја најпрвин треба да се одлучите дали сакате драстична или пак поприродна промена на бојата на Вашите очи. Како видови на контактни леќи во боја постојат два типа на леќи:

  • непроѕирни леќи - кои се користат за драстична промена на бојата на очите и за поистакната боја имаат оформен лимбален прстен
  • проѕирни леќи - кои се користат за подискретна промена на бојата на очите, односно за изразување на веќе постоечката боја и кои не содржат лимбален прстен.

Во понудата на контактни леќи во боја, во Прима Оптика можете да ги најдете следните видови:

  • Freshlook Colorblends - со кои се постигнува драматична и убава промена на бојата на очите. Овие леќи користат “ 3 во 1 ” технологија која преку мешање на 3 бои во една леќа создава најприроден изглед. Достапни во 12 возбудливи бои: Sterling Grey, Gemstone Green, Brilliant Blue, True Sapphire, Pure Hazel, Turquoise, Honey, Grey, Green, Brown, Blue и Amethyst. 
  • Freshlook Colors - кои се се дизајнирани да обезбедат драматична промена во изгледот. Овие непроѕирни леќи се погодни и за темни и за светли очи и се идеални за комплетна промена на бојата. Достапни се во 6 бои: Misty Grey, Hazel, Green, Blue, Violet и Sapphire Blue. 
  • Freshlook Dimension - кои се одлично решение за суптилно менување на бојата на очите за интензивен изглед. Тие се дизајнирани да произведат природен изглед и се одлични за секоја прилика. 
  • Air Optix Colors - кои користат водечка 3 во 1 технологија што комбинира надворешен и внатрешен прстен со примарна боја која во мешавина со бојата на Вашите очи постигнува ефект за природен изглед. Овие контактни леќи обезбедуваат голема пропустливост на кислород со што Ви обезбедува комфорт и чувство на здрави очи во текот на целиот ден.
  • Soflens natural colors - контактни леќи со 9 неверојатно природни нијанси со лимбален прстен. Максимален комфор за едноставно ракување.
  • Dispo Color - идеални за секојдневно носење. Достапни во 5 интересни бои: Blue, Aqua, Green, Gray и Hazel.
  • Kristal Color - Достапни во 6 бои: Aqua, Green, Hazel, Blue, Violet и Gray.