Шминката и контактните леќи

Шминката како неизбежен сегмент во секојдневието на една жена, е доста присутен, затоа ќе Ви дадеме неколку совети како да ги заштитите Вашите очи. Навлегувањето на шминката во внатрешноста на окото е честа појава, и некогаш знае да предизвика многу неудобности, иритации, инфекции и размножување на бактерии. За по пријатно чуство на окото, дури и кога носите контактни леќи, применувајте ги следните совети:


1. Секогаш контактните леќи ставајте ги пред да започнете со нанесување на шминката          

Понекогаш жените сметаат дека е многу подобро контактните леќи да се стават по нанесување на шминката за да се избегне нивно оштетување. Сепак голема е можноста да се пренесе од самите прсти а потоа и на контактните леќи, доколку леќите се ставаат по самото шминкање. Доколку ви се случи задржување на шминката на самата леќа, таа ќе предизвика непријатност и ќе ја зголеми можноста на инфекција на очите.

2. Безбедни козметички препарати за лицата кои носат контактни леќи  

Оваа категорија на луѓе кои што носат контактни леќи треба да користат производи кои што се офталмолошки тестирани. Препорачливо е да користите производи кои се на природна база, изработени од природни состојки, без алкохол и парфеми. Остранувачите на шминка треба да бидат pH неутрални, додека шминката не се препорачува да биде водоотпорна.

3. Особено бидете внимателни со моливчето за очи и маскарата

Лицата кои носат контактни леќи треба да ја избегнат употребата на моливчето за очи од внатрешната страна на окото. Доколку се нанесе во внатрешниот дел може да ги блокира или инфицира солзните жлезди и да предизвика заматеност на контактните леќи.  Додека пак маскарата секогаш нанесувајте ја од средината на трепките кон самиот врв.

4. Секогаш извадете ги контактните леќи пред остранување на шминката

Со цел да не ги извалкате контактните леќи, се препорачува секогаш најпрвин да ги отстраните леќите од очите и потоа да ја остраните шминката на вообичаен начин.