PRIMA Optics е основана во 1999 година, со амбиција да понуди супериорна услуга, достапност и екслузивитет на брендовите кои ги застапува.
Асортиманот на Прима Оптика е составен од брендирани диоптриски рамки и очила за сонце од најквалитетните италијански производители Luxottica, Marcolin, Safilo и De Rigo и нивните брендови: Bvlgari, Dolce & Gabbana, Prada, Armani, Versace, Burberry, Roberto Cavalli, Tom Ford, Dsquared, Mont Blanc, Ray Ban, Oakley, Vogue,...
Покрај продажбата на очила, стратешка определба на Prima Optics станува и сегментот на контактни леќи и течности од светски реномираните производители Ciba Vision и Bausch & Lomb. Од почетокот на 2012 година Prima Optics инвестираше значителни средства и енергија за соодветна обука на вработените, како и создавање на залиха на најпотребните брендови на контактни леќи Air Optix, Dailies, Soflens, Optima, Color Blends, Pure Vision и течности за одржување на контактните леќи. За таа цел, Прима Оптика во 2014 година го отвори и web-shop (интернет сајт) за продажба на контактни леќи и течности, при што на нашите ценети купувачи им е достапна достава на купените производи до нивните домови и работни места.
Денеска во Prima Optics опслужуваме илјадници клиенти, за чие задоволство сме бескомпромисно посветени. Љубезноста и професионалноста на персоналот е наша примарна цел, а задоволството на купувачите е дополнето преку систем на активности од ПОЛИТИКА НА КВАЛИТЕТ како стандард за надминување на Вашите очекувања.
Услуга со 5 звезди е наш систем на вредности и примарна причина за долгогодишната лојалност на нашите купувачи.
Prima Optics ви нуди:
- Професионална услуга
- Голем избор на диоптриски рамки и очила за сонце од светски познатите брендови
- Сите видови на корективни леќи од реномираните светски производители
- Сите видови на контактни леќи и течности за одржување
- Најсовремена технологија за изработка и сервисирање на очила