Испорака и Враќање

1. ПОЛИТИКА ЗА ИСПОРАКА

Управувана од ЛУКСОР ТРАДЕ ДООЕЛ Скопје "www.prima.mk" нуди онлајн продажба, информации услуги, содржини како и трансакции овозможени од PRIMA OPTICS. Цените на сите производи од prima.mk се изразени во денари и други странски валути со вклучен ДДВ.

  • Секој купувач треба да се регистрира за реализација на нарачка. По завршувањето на нарачката ќе биде испратен e-mail на наведената адреса од страна на купувачот, како преглед на нарачаното.
  • Доставата се наплаќа согласно ценовникот на логистичкиот партнер Глобко на целата територија на цела Mакедонија  и истатa не опфаќа осигурување при транспорт/достава на производот. За повеќе информации погледнете ја точка 2 (Доставување).
  • Купувањето може да се оствари со следните платежни картички: Visa Classic; Visa Electron; Master Card; Maestro; Diners Club International (само доколку има CVV2/CVC код на позадината од картичката). Наплатата е обезбедена од НЛБ Тутунска Банка Скопје
  • Крајниот корисник се согласува со сите правила и услови изнесени во информациските секции на сајтот,е одговорен за заштита на доверливоста на неговата лозинка, признава дека иако интернетот е често безбедно место, понекогаш има пречки во службата или настани кои се надвор од контрола на PRIMA.MK. PRIMA.MK не е одговорна за кои било податоци изгубени додека се врши пренесување на информација преку Интернет. Корисникот разбира и признава дека во зависност од околностите, во рамките и надвор од контрола на PRIMA.MK, пристапот до веб страницата може да биде прекинат или суспендиран во било кое време.
  • PRIMA.MK има право во секое време да го промени или прекине било кој аспект или функција на сајтот.
  • Со користењето на PRIMA.MK, корисникот признава дека е полнолетен и дека има барем 18 години за да може да го користи сајтот за купување, а во спротивно одговорноста е на лицето што му овозможило пристап до податоците кои му се потребни на малолетното лице за онлајн купување. PRIMA.MK не сноси никаква одговорност доколку купувањето го врши малолетно лице.

2. ДОСТАВУВАЊЕ

  • Откако нарачката ќе биде одобрена, ВЕДНАШ и не подолго од 3-три часа, по извршеното плаќање од купувачот/нарачателот, предметот на купопродажба ќе биде предаден за достава, освен ако нарачката е извршена во петок по 15.00 часот, во сабота, во недела или било кој неработен ден.
  • Одговорноста за производот, од преземањето од деловните простории на продавачот, до предавањето на купувачот ја сноси во целост доставувачот-ГЛОБКО ЛОГИСТИК-ГЛС Скопје.
  • Нарачателот/купувачот со купување на производите преку оваа веб страна, се согласува со условите на достава објавени на www.gls.com.mk 
  • Доколку приемот на производот од доставувачот е до 14.00 часот, ГЛОБКО ЛОГИСТИК-ГЛС Скопје гарантира дека ќе ја изврши доставата во рок од 24 часа, во спротивно производот ќе биде подигнат од доставувачот наредниот ден, по што се пресметува рокот од 24 часа. Гарантирањето за рокот на испорака од 24 часа е јавно објавено од ГЛОБКО ЛОГИСТИК-ГЛС Скопје и за точноста одговара истиот. ЛУКСОР ТРАДЕ ДООЕЛ (PRIMA.MK) Скопје не врши достава и не гарантира за рокот на испорака, а за евентуална измена на ваквата објава купувачот/нарачателот е должен да се информира кај доставувачот. 
  • Доколку нарачателот сака да го осигура купениот производ од евентуални оштетувања, губења и слично, при вршење на доставата должен е да стапи во контакт со овластено лице од ГЛОБКО ЛОГИСТИК-ГЛС Скопје и да изрично да побара од нив осигурување за транспорот на производот, согласно од нив објавените услови на нивната веб страна.
  • Купувачот е должен при испорака  да го провери производот од евентуални оштетувања при транспорт, а доколку е поголема пратка и квантитативно да ги провери производите. Видливите недостатоци/оштетувања на производот Купувачот треба во рок од 5 часа од приемот веднаш да ги пријави при прием на робата на доставувачот. 
  • Во случај купувачот да сака да го врати производот не по наша вина или вина на доставувачот и сака да му се врати сумата на производот, тогаш од крајниот износ на производот двојно ќе биде одбиен трошокот за достава кој варира согласно со тежината на производот. 
  • Доколку купувачот сака да го замени производот, должен е да го чува неоштетен, неотпакуван и неупотребуван заедно со сите приложени документи.
  • Производите се заменуваат само под условите пропишани во Законот за заштита на потрошувачите.

 

3. ОДГОВОРНОСТ 

  • Kрајниот корисник експлицитно се согласува дека користењето на овој сајт е под негова одговорност. PRIMA.MK, во најширока смисла на зборот не гарантира дека користењето на сајтот ќе биде безгрешно или без никаков прекин; ниту пак гарантира за (I) резултатите, кои можат да се добијат од употреба на овој сајт, или било која микространа, или за (II) точноста, веродостојноста или содржината на било која информација, услуга или производ обезбедени преку овој сајт или на неговите микространи.
  • PRIMA.MK се оградува од било каква одговорност и услови, изразени или наложени, вклучувајќи, но не и ограничени на, оние кој се предмет на прекршоци, тргување или прилагодени за одредена намена.
  • Во никој случај PRIMA.MK нема да биде одговорна за било кои посредни, случајни, специјални, последователни или казнени штети кои произлегуваат од, или се поврзани со оваа веб страна. Одговорноста на PRIMA.MK во врска со производ купени од “www.PRIMA.mk” неможе да ги надмине сумите платени за тие производи, и вкупната одговорност која произлегува или е поврзана со оваа спогодба неможе да ја надмине сумата платена од крајниот корисник за време на шест месеци пред донесување на какво било побарување.
  • Под никакви околности PRIMA.MK нема да биде одговорен за било каква загуба или оштетување на крајниот корисник предизвикано од негово потпирање врз информациите добиени преку PRIMA.MK. Одговорност на крајниот корисник е да ја оцени точноста, комплетноста или корисноста на било која информација, коментар, мислење, совет, или друга содржина достапна преку PRIMA.MK.
  • PRIMA.MK содржи линкови до веб-сајтови на трети лица кои се одржуваат од други добавувачи на содржина. PRIMA.MK изречно ја отфрла одговорноста во поглед на содржината и точноста на материјалите на таквите веб страни на трети лица. Ако крајниот корисник одлучи да пристапи до некој веб сајт преку линк, тоа го прави на свој ризик. Освен ако PRIMA.MK експлицитно Ви дозволил да го сторите тоа, не смеете да ставате надворешни линкови до други страни на PRIMA.MK. PRIMA.MK го задржува правото да ја отповика својата согласност за било кој линк во секое време, без да ве извести.
  • PRIMA.MK има право, но не и обврска да ја следи содржината на сајтот во било кое време. PRIMA.MK има право, но не и обврска да го отстрани било кој материјал за кој PRIMA.MK смета дека ги нарушува одредбите изнесени тука.

Адреса за враќање:

Прима Оптика
Скопје Сити Мол Љубљанска бб лок 118 приземје,
1000 Скопје,
Република Македонија

Телефон: +389 30 60 930


Контакт: info@prima.mk
Корисничка поддршка: support@prima.mk