Доколку имате потреба од корекција на видот, а притоа имате активен животен стил, тогаш еднодневните контактни леќи се правото решение за Вас. Овој тип на контактни леќи е идеален за луѓето кои имаат чуствителни очи, за оние кои несакаат да користат традиционални месечни леќи и не сакаат да се одвојат од својот омилен пар диоптриски очила. Тие се меки леќи, изработени од силикон - хидрогел, материјал кој обезбедува голем процент на вода, како и одлична пропустливост на кислород до мрежницата на окото.
Дневните контактни леќи имаат неколку значајни предности во однос на останатите видови на леќи:
- Бидејќи се носат во текот на денот, а навечер се фрлаат, многу помалку предизвикуваат инфекции и како такви се особено одличен избор на луѓето со чуствителни очи
- Нема потреба да се чистат или да се чуваат во течност за чистење на контактни леќи
- Совршен избор кога сте спречени да ги носите Вашите диоптриски очила
- Меки и совршено удобни контактни леќи кои се пријатни за носење
- Одличен избор кога имате потреба да патувате или одите на одмор
- Немора да внимавате кога сте ги ставиле и колку дена треба да ги носите, бидејќи се за еднократна употреба
При набавка на нови контактни леќи, задолжително посетете го Вашиот офталмолог кој соодветно ќе ги одреди Вашите параметри и ќе одреди кој тип на контактни леќи е најдоброто решение за корекција на Вашиот вид. Во продажните салони на Прима Оптика, можете да најдете дневни контактни леќи од најпознатите светски произведувачи: CIBA Vision, Bausch & Lomb и Soflex за сферна корекција како и за корекција на астигматизам. На располагање имате пакувања од по 30 и 90 контактни леќи. Доколку сеуште се двоумите дали дневните леќи се добар избор за Вас, кај нас можете да земете бесплатен примерок на Dailies Aqua Comfort Plus, дневна контактна леќа за еднократна употреба.