Избор на правилна течност за меки контактни леќи

Правилното одржување на хигиената е основно правило за безбедно и удобно носење на контактните леќи. 

Денес, на пазарот постојат различни видови на течности од различни производители чија што главна цел е чистење, дезинфекција, навлажнување и остранување на протеини и депозити кои се таложат при секојдневното носење. Од особено значење е точно да се информирате околу соодветната течност за чистење според одбраниот тип на леќи.

  • Нега на меки силиконски и силикон - хидрогел леќи:

                                                                                                                                                                                                         

 

Renu од Bausch&Lomb е едно од најстарите и најпознати течности за чистење на меки леќи. Тоа е повеќенаменско решение кое што ги освежува контактните леќи со што прави да се чувствувате како да ставате нов пар леќи секој ден. Renu е клинички докажано дека се бори против бактериите, ги дезинфицира и чисти леќите и секојдневно ги остранува протеинските депозити од нивната површина. Секојдневната употреба на Renu ја елиминира потребата за посебно ензимско чистење на леќите. Достапно е во пакување од 360ml.


 

Biotrue од Bausch&Lomb е повеќенаменско решение базирано на природна база кое што овозможува чистење, испирање и дезинфекција на силикон-хидрогел и други меки контактни леќи. Инспирирано од биологијата на очите, Biotrue е создадено да делува и работи исто како што работат и самите очи. Содржи лубрикант кој природно се наоѓа во човековите очи и е специјално формулиранo за да ја одржува влагата, со балансиран pH исто како природните здрави солзи со што доведува до голема удобност при носење на контактните леќи. Овозможува двоен систем на дезинфекција и дури до 20 часа совршена навлажнестост на леќите благодарение на хијалуронот кој се наоѓа во неговиот состав. Достапно е во пакување од 300ml.

 


Optifree Pure Moist од Alcon е течност за контактни леќи произведена според најнова технологија која ги одржува контактните леќи свежи и удобни дури до 16 часа. Создава влажност на површината на леќата со што се формира бариера која го намалува таложењето на депозити и ги остранува остатоците. Претставува мултифункционално решение кое содржи POLYQUAD и ALDOX за двојна дезинфекција, со која се намалува бројот на штетни микроорганизми кои предизвикуваат очни инфекции. Ги дезинфицира сите видови на меки контактни леќи, вклучувајќи и силикон-хидрогел леќи и се препорачува и за чувствителни очи. Достапно е во пакување од 300ml.

 

 


AO SEPT Plus од Alcon претставува средство без конзерванси кое темелно ги чисти леќите и ги прави исти како денот кога сте ги отвориле. Благодарение на специјалната формула која што содрши хидроксид - пероксид, AO SEPT Plus навлегува длабоко во порите на леќата и темелно ги чисти сите настанати депозити и остатоци. Целосно ги остранува бактериите и депозитите кои што се формираат од солзниот филм и од воздухот. Поради активните силни состојки, леќите после чистењето со AO SEPT Plus задолжително треба да се исчистат 10 секунди со обичен раствор за чистење на контактни леќи. Достапно е во пакување од 360ml.