Предности на контактните леќи

Доколку се наоѓате во категоријата на луѓе кои што имаат проблеми со видот, имате 3 можни решенија за корекција: носење очила, носење контактни леќи или хируршка интервенција (која што  може да се примени само на ограничен број на пациенти). Доколку сметате дека неможете да го  најдете совршениот пар очила за Вас или доколку секојдневните активности не Ви дозволуваат  носење на очила, тогаш контактните леќи се вистинскиот избор за Вас. Денес, на пазарот постои  голем избор на контактни леќи, различни по  вид (торични, мултифокални), по материјал (тврди, гас-пропустливи, меки силиконски, меки силикон-хидрогелни), по времетраење (дневни, месечни, тримесечни, годишни). Контактните леќи или “невидливи очила”  имаат голем број на предности:

  • можат да се користат за корекција на видот за различни диоптрии, вклучувајќи корекција на астигматизам како и корекција на видот за близина и далечина во една леќа (мултифокална леќа)
  • имаат широко видно поле и обезбедуваат одличен периферен вид
  • овозможуваат одлична корекција на видот на двете очи без оглед на разликата во диоптријата помеѓу нив
  • одличен за избор за оние кои што се занимаваат со спорт и имаат активен стил на живот
  • обезбедуваат одличен вид дури и при лоши временски услови (пример на дожд очилата се прекриваат со капки вода, а при влез од топла во студена просторија се замаглуваат, што со контактните леќи не се случува)
  • тие се неприметни, дискретни,  за разлика од очилата за кои што треба да одвоите повеќе време додека го пронајдете моделот кој што најдобро Ви одговара
  • даваат природен изглед, а доколку сакате да направите промена, тоа може да го направите со користење на контактни леќи во боја, кои не само што обезбедуваат корекција на видот, туку и овозможуваат промена на бојата на очите
  • овозможуваат безгрижно и безбедно носење на сончеви очила

                                                                                                                                                                                              

И покрај тоа што користењето на контактни леќи е безбедно и сигурно, сепак никогаш не ги употребувајте без консултација и препорака од Вашиот офталмолог или оптичар. Во продажните места на Прима Оптика секогаш можете да добиете соодветен совет како и понуда на голем број на контактни леќи од најпознатите светски производители.