Контактни леќи за продолжено носење

Доколку имате проблем околу секојдневното ставање, вадење, чистење и одржување на Вашите контактни леќи, а несакате да носите очила за корекција на видот, тогаш специјализираните леќи за продолжено носење се правото решение за Вас. За разлика од обичните меки контактни леќи, овој тип на леќи е произведен од силикон - хидрогел, материјал кој што овозможува голем проток на кислород до рожницата на окото и со тоа ги прави овие леќи безбедни за носење дури и до 30 дена без нивно вадење и чистење. Со ова се избегнува наталожување на несакани наслаги на леќите и го чува Вашето око здраво.

Првите контактни леќи за продолжено носење до 30 дена се достапни уште во 80 - тите години, но поради проблемите кои што ги предизвикувале истите биле дозволени за носење само во период до една недела без вадење. Подоцна, во 90 - тите години е претставен новиот материјал силикон - хидрогел, кој и денес се употребува при изработка на леќите за продолжено носење. Денес, на пазарот се достапни неколку видови на контактни леќи за продолжено носење, од кои најпознати и најусовршени се контактните леќи на Ciba Vision / Alcon - Air Optix Night&Day кои што се произведуваат во кутија со 3 и 6 контактни леќи, а истите можат да се користат и како терапевтски леќи.  

Носењето на леќите за продолжено носење до 30 дена, како и безбедноста во спиењето со нив, е докажана со многубројни светски истражувања. Сепак, тоа не значи дека истите би требало да ги користите без претходна препорака и консулатација од Вашиот офталмолог или оптичар.

 

Доколку Ви се потребни дополнителни информации, ќе ни биде задоволтство да Ви помогнеме секој ден од 10:00 до 22:00 часот на следните контакти (info2@prima.mk - тел. 02/30 60 930 -  моб 076/350 194)