Иако контактните леќи се безбедно средство за корекција на видот и се користат од милиони корисници во светот, сепак секогаш постои ризик од инфекција. Најчеста инфекција која се појавува при носење на контактни леќи е кератитис или инфекција на рожницата. Најчести симптоми на оваа инфекција се: црвенило и болка во окото, чувство на страно тело во окото, замаглан вид и зголемена осетливост на светлина. Инфекцијата напреднува многу брзо и доколку не се третира соодветно и навреме, може да предизвика сериозни последици. Причини поради кои се појавува кератитис се:
- Спиење со несоодветни контактни леќи
- Користење на контактни леќи подолго од рокот на траење
- Несоодветна и недоволна хигиена
За да ја спречите појавата на очни инфекции, треба секогаш да се придржувате до неколку основни правила:
- Секогаш носете соодветни контактни леќи според нивното упатство и никогаш не преспивајте со леќи кои не се предвидени за спиење. Контактните леќи треба редовно да ги заменувате, во однос на тоа дали користите дневни, месечни и тримесечни леќи. Доколку сакате да преспивате со контактните леќи, тогаш најдобро решение се Air Optix Night&Day , а доколку повремено носите леќи, тогаш Dailies се најсоодветен избор за Вас.
- Секогаш одржувајте ја беспрекорна хигиената на Вашите раце и на приборот за чистење на контактни леќи. Не употребувајте течност за чистење на леќи која што го надминала рокот на траење и секогаш користете свежа течност. Течноста во која стоеле леќите во текот на ноќта, наутро треба да ја фрлите и замените со нова течност.
- Носењето контактни леќи без претходна консултација со стручно лице го зголемува ризикот од појава на инфекции, затоа се препорачува вршење на редовни контроли со кои на време се откриваат промените на очите.
Во продажните места на Прима Оптика можете да добиете соодветен и стручен совет околу видот на контактни леќи кои би биле најсоодветни за Вас, како и да се информирате околу начинот на нивното одржување. Ни претставува задоволство да Ви помогнеме!