Торични/астигматизам контактни леќи

Торичните контактни леќи се наменети за луѓето кои што имаат астигматизам. Астигматизам е рефракциска аномалија, при што зраците по прекршувањето во оптичкиот дел од окото, не се собираат во една точка од мрежницата и не се формира јасна слика на гледаните предмети. Најчесто причина за овој оптички недостаток на окото е неправилната закривеност на површината на корнеата. Најчест симптом на астигматизмот е замаглениот вид. Некои од додатните симптоми на астигматизмот се: замаглен вид при обид за читање на ситни букви, отежнато читање, дупли слики и појава на непостоечки слики.

Во Прима Оптика можете да најдете дневни и месечни торични/астигматматизам леќи од најпознатите производители на контактни леќи. 

Dailies Aqua Comfort Plus Toric се контактни леќи дизајнирани да останат стабилни во окото, за да им помогне на носителите со астигматизам да имаат јасна визија.
ден 1.610,17
Dailies Aqua Comfort Plus Toric се контактни леќи дизајнирани да останат стабилни во окото, за да им помогне на носителите со астигматизам да имаат јасна визија
ден 3.728,81