Штетните влијанија на дигиталните уреди

Како што со голема брзина навлегуваме во дигиталниот свет, така се поголем број од нас станувааат зависни од дигитални апарати за работа, социјализација и рекреација. Од телевизори и компјутери, до паметни телефони и таблети, постојат безброј можности за интеракција на децата со дигиталната технологија заради едукација и игра.

Но, колку долго во текот на денот децата ги користат дигиталните уреди? Дали децата минуваат предолго време гледајќи во осветлените екрани и ако е тоа случај, кои негативни ефекти ги има тоа по нивното здравје? Направена е анкета на 2000 родители во Обединетото Кралство на деца помеѓу 2-16 години со цел да се дознае кои дигитални уреди децата ги користат и колку често.

Дигиталните уреди се секаде. Од користење на компјутер на училиште, гледање телевизија во домот или играње видео игра на паметниот телефон. Речиси половина од анкетираните родители се согласуваат дека нивните деца поминуваат премногу време користејќи ги дигиталните уреди секојдневно, додавајќи дека 1 до 2 часа во текот на денот би било прифатливо. Но, реалната должина на времето поминато во користење на овие дигитални уреди се чини многу подолго од она што мислиме. 

Според анкетата, децата минуваат во просек еден час во текот на денот на секој од следниве уреди: Персонален компјутер, дигитален таблет (како што е iPad), конзоли за видео игри и паметни телефони. Се проценува дека истите деца минуваат повеќе од половина час и пред уреди како: електронски читачи (Kindle), mp3 плеери, или едукативни електронски уреди. Сето ова, додадено на повеќе од 2 часа гледање телевизија во текот на денот. Збирно, тоа се повеќе од 7 часа во текот на денот кои децата ги поминуваат гледајќи во екраните на  електронските уреди што сериозно може да го наруши нивниот вид, како една од можните негативни последици по нивното здравје.